Во живо

Радио 5 Чоки е повеќе од 10 години со Вас на фреквенција 89,5 MHz FM.Сега можете да не слушате и преку интернет:

  • Овде

 

За нас

Во мугрите на 5 декември 2003-то лето Господово... во етерот се разнесе првиот збор изговорен низ воздушниот простор, а преку постарите чаршиски звучници се слушна "вие ја слушате програмата на Радио 5" На самиот почеток радио 5 зрачеше на фрекфенцијата 103 мегахерци фм стерео и беше петто по ред радио во Прилеп, линковски поврзано до предавателниот столб лоциран на стариот пат за Битола. Од таму на предавална фрекфенција од 103 Mhz се покрива целосно градот Прилеп како и околниот регион преполн со населени места и туристички локации. Во текот на првата година од своето работење Радио 5 ја оформуваше својата музичка и говорна програма од која произлезе и концепцијата на Радио 5 како музичко-информативно радио. Во годините кои следат Радио 5 константно работеше на подобрување и збогатување на програмската шема со нови говорни содржини, вести и музички емисии, за да денес прерасне во модерно музичко информативно приватно радиодифузно друштво со препознатлив радио израз, квалитетен музички избор и одлична маркетиншка понуда за сите свои слушатели и соработници. Со оваа фрекфенција радио 5 стана препознатлива во етерот. Во целиот овој период радио 5 опстојува од рекламирање на своите деловни партнери и пријатели кои за среќа на радио 5 се многубројни. стартувањето на концесискиот принцип на работа, во 2004 година за да се усогласи со новиот закон, Радио 5 ја промени фрекфенцијата на 89,5 Мhz која стана препознатлив бренд во пелагонискиот етер. Според оваа дозвола радиото е со формат-програмски сервис музичко говорно радио од општ формат. Нашиот сигнал ја покрива Пелагониската област со аудиториум повеќе од 100,000 жители. Оттогаш до денес, во технички, но и во секој друг поглед Радио 5 напредуваше многу, а напоредно со тоа беше верен хроничар на се она што се случуваше под прилепското небо. Богатата фонотека на Радио 5 веројатно е најголемата и најавтентична збирка на аудио материјали кои сведочат за историјата и растежот на Прилеп во изминатите 9 години. Радиото го бележеше животот на прилепчани, му овозможуваше да ги слушнат новостите и важните настани истовремено, но и влијаеше на текот на настаните. Уште повеќе: Радиото беше и се уште е гласот на прилепчани! Ја одразуваше колективната свест на прилепчани и нивните желби за подобрување на животот во градот што го сакаат и е нивен. По доаѓањето на интернетот и првите интернет провајдери, се склучи договор за онлајн стриминг на програмот на Радио 5 преку интернет, по што беше покриен и оној сегмент – дијаспората, кој беше многу битен за проширување на македонската култура и овдешните прилики на македонците ширум светот. Денес Радио 5 е современ електронски медиум со мошне високи содржински и технички принципи на радио форматот, по кој се издвојува од сите други радио станици во Прилеп. Во време кога комерцијалноста, а со тоа и и кичот навлезе во многу пори од животот, и многумина продаваат шунд спакован во украсна фолија, ние и натаму се стремиме да го издвоиме она што е вредно и трајно. Нашата музичка програма е комбинација на различни музички стилови, стари и нови, од странски и домашни евергрини, но секако незаборавни музички нумери. Не ги следиме трендовите по секоја цена, туку ги селектираме по вредност и музиката и информациите што ги пласираме на нашите мегахерци. Избегнуваме локални трачеви, навреди на личности, прекинување на музики нумери со зборување, напорни и долги информативни програми, непотребно долги разговори и коментари со пласирање на лични ставови на новинарите, а се стремиме кон етика во информациите и говорот, го поддржуваме македонскиот литературен јазик и култура, и пред се ги следиме желбите на прилепчани. Тука сме кога им требаме, го креваме гласот за да ги заштитиме нивните права, и до денес останавме верни на првичната идеја - Радио 5 да биде пулсот на прилепчани, нивните очи и уши.

Маркетинг

5 причини поради кои треба да се рекламирате во Радио 5
1.Радио 5 Ви нуди ефикасно обраќање на одредена таргет група. Преку радиото обраќањето на цената таргет група е поефикасно бидејќи различни радио станици привлекуваат различни слушатели. Ова Ви овозможува Вам, селективно да се обратите на групата слушатели која Вам најмногу ве интересира.Покрај тоа поради карактеристичноста на територијалната покриеност која Радио 5 ја има, Вашиот бренд може поефикасно да се насочи кон клучните пазарни области.
2.Радиото секогаш стигнува таму каде другите медиуми не можат. Повеќе од слушателите на Радио 5 додека слушаат сигурно и нешто друго работат.Ова значи дека Вашата рекламастигнува до нив и кога се во автомобил, додека сурфаат на интернет, на работно место, пред да излезат во град и сл. Денес кога радиото се слуша преку мобилен телефон, МР3 плеер и интернет, моќта на радиото станува повеќе пати зголемена. Истражувањата покажуваат дека слушателот многу лесно ќе се сети на рекламата која ја слушнал и која што може да ја поврзе со некоја своја активност отколку во обратен случај.
3.Радио рекламите на нашиот медиум најретко се одбегнуваат. Истражувањата покажуваат дека на радио, рекламата е најтешко да се одбегне бидејќи слушателите ретко менуваат фрекфенција, така да секоја релевантна, креативна или интригантна порака ќе стигне до нив. 78% од луѓето го намалуваат звукот на ТВ приемникот или го менуваат каналот кога почнуваат реклами, додека радио станиците ги менуваат само 16% од слушателите.
4.Радиото прави хитови. Радио 5 , како успешен медиум може да направи хит со често повторување на песна, тоа може да го направи и со Вашата реклама. Радиото впрочем тоа и го прави. Прво- рекламите најчесто се повторуваат на овој вид на медиум- Радио! Второ- бројот на часови кои слушателите го поминуваат со радио- се повеќе од 19 часа неделно!
5.Радио 5 е Вашиот пријател! Од сите медиуми луѓето имаат "најемотивен" однос со радиото. Радио форматот каков што е Радио 5 се слуша за да Ве мотивира, да го разубави Вашето расположение, да ја победите досадата.Радиото се доживува искрено и пријателски и ова е највредниот концепт на секој потенцијален Радио 5 соработник. Уште поголем ефект има кога радио рекла,ата ги пробива рамките на класично рекламирање и се појачува со промозии и спонзорства!
Ваш најдобар пријател - Радио5

Програма

08.00 Будење
08.05 Астрономски календар
08.07 АМСМ состојба на патишта
08.09 Метео
08.30 Верски календар
09.05 Вести
09.30 Ретро - музички времеплов
10.00 Спортски вести
10.10 Огласи и соопштенија
10.30 Занимливости
11.05 Вести
11.30 Хит на денот
12.30-13.30 Носталгија - музичка емисија
14.05 Огласи и соопштенија
14.15 Вести + Бизнис инфо + Метео
15.30 Од старите разгледници
16.05 Вести
16.30 Хит на денот
17.05 Метео
17.10 Огласи и соопштенија
17.30 VOA - Глас на Америка-вести на македонски јазик
19.30- 20.30 Лична карта - музичка емисија
20.30- 21.15 Патувајте и уживајте ( секој вторник и петок )
20.30- 21.15 Сосема природно - емисија за мода и убавина ( понеделник-среда-петок)
21.30 - 00.00 Шифра Радио 5 - интерактивна музичка емисија (со Ваши музички желби по пат на СМС)
00.00 - 08.00 Ноќна програма ( музика и маркетинг )

Вести

Вестите се преземени со виџет од time.mk

Контактирајте не`

За било што во врска со радиото, програмата, честитки, огласи...

Можете да не` контактирате на следниве начини:

  • Адреса: Круме Волнароски 140, Прилеп, Македонија
  • Телефон: +389 48 614 138; +389 78 231 971
  • Email: radio5@t.mk
  • Website: www.radio5.mk